
СИСТЕМИ
едноделен
дводелен
педијатриски
Секој кој е со стома може да употребува дводелен систем( леплива подлога -плочка и ќесичка) или едноделен систем( лепливата подлога и ќесичката се споени во една целина)
.
ЕДНОДЕЛЕН СИСТЕМ
Тоа се системи за стома кои се комбинација на лепливи подлоги и ќесички споени во една целина.
-
Добро исчистете, и исушете ја кожата околу стомата .
-
Измерете го дијаметарот на вашата стома
-
Припремете ја лепливата подлога за поставување односно сечење на нејзиниот отворспоред шаблонот
-
Отстранете ја заштитната хартија од задната страна на подлогата
-
Нежно поставете го стома помагалото преку стомата .
-
Лесно притиснете ја лепливата подлога на кожата посебно обратете внимание на делот од лепливата подлога кој е најблиску до стомата.
-
Израмнете ја лепливата подлога на кожата.
-
Нежно поставете го стома помагалото преку стомата.
-
Лесно притиснете ја лепливата подлога на кожата и посебно обратете внимание на делот од лепливата подлога кој е најблиску до стомата. .
-
При поставување задржете со лесен притисок на лепливата подлога околу 30 сек до 1 мин .
ДВОДЕЛЕН СИСТЕМ
Дводелни системи се состојат од подлоги-плочки и ќесички кои меѓусебно се спојуваат со помош на пластичните прстенести спојувања .
-
исчистете ја и исушете ја кожата околу стомата .
-
Измерете го дијаметарот на вашата стома
-
Припремете ја лепливата подлога за поставување односно сечење на нејзиниот отвор според шаблонот
-
Отстранете ја заштитната хартија од задната страна на подлогата
-
Поставете го отворот на подлогата-плочката над стомата .
-
Лесно притиснете ја лепливата подлога на кожата посебно обратете внимание на делот кој е најблиску до стомата
-
Преклопете го пластичниот прстен од ќесичката на пластичниот прстен од подлогата и нежно со лесен рамномерен притисок од доле накај нагоре спојте ги.
ПЕДИЈАТРИСКИ СИСТЕМИ
Во одредени ситуации и децата користат стома помагала . Постојат голем број
стома системи кои се наменети само за децата .
Заедничко име на педијатриските стома помагала е Little Ones®, односно , „За мали”,
наменети се за деца, кај кои со опеартивни зафати се изведени колостоми,
илеостоми или уростоми.Стома системите кај децата се јавуваат со широка палета
на производи кои ги задоволуваат потребите и желбите и на децата и на родителите.
Секој од производите изработен е со посебно внимание за да може едноставно да
се постави на уникатната големина и облик од детското тело.
Little Ones® производи се изработени така да постојано се зема во предвид .активноста
на децата. Производите се свитливи, долготрајни, едноставни за отстранување и
со најмала можност за непријатност. Родителите ги саакат,бидејќи на децата
им овозможуват да се занимаваат со својата работа а тоа е....... да бидат деца!
Ова линија на стома помагала за најмали стомачиња се јавува со 2 основни системи: едноделни и дводелни .
ЕДНОДЕЛЕН ПЕДИЈАТРИСКИ СТОМА СИСТЕМ Little Ones®
Два типа на Little Ones® едноделен систем
-
Little Ones® ќесичка со испуст
стандарден едноделен педијатриски систем
ќесичка за колостома и илеостома
-
Little Ones® ќесичка со испустен чеп
стандарден едноделен педијатриски систем
ќесичка за уростома
За деца со тежина поголема од 4,5 kg
Системот е тенок ,лесен и едноставен за употреба Подлогата која се лепи на
кожа е нежна и одговара на детската осетлива кожа .Ќесичките се со
мали димензии,меки ги намалуваат непријатните мириси и се неприметливи
под облеката.
ДВОДЕЛЕН ПЕДИЈАТРИСКИ СТОМА СИСТЕМ Little Ones®
Овој систем се состои од лепливи подлоги -плочки кои се изработени
со Stomahesive® технологија и три типа на ќесоички:
-
затворени за колостома
-
со испуст за илеостома
-
со испустен чеп за уростома
Лепливата подлога-пчочка и ќесичката се спојувааат со помош на пластични
спојувања - прстени ,со што се намалува можност за ненадејно отварање.
Звукот клик го потврдува правилното затварање на на подлогата со ќесичката.
Little Ones®
стандардна плочка
Little Ones®
затворена ќесичка
Little Ones®
ќесичка со испуст
Little Ones®
ќесичка со испустен чеп