ИЛЕОСТОМА
Што е илеостома?
Илеостомата се изведува со донесување и прицврстување на здрав дел од тенкото црево на предниот sид од стомакот. При нејзино изведување потребно е таа малку да е извлечена понадвор од стомачниот sид, за да може стомата полесно да помине низ отворот на подлогата и полесно да се празни течната столица во ќесата..Кај илеостомата бидејќи не доаѓа до впивање на одредени материи, (а тоа се случува во дебелото црево т.е.во подолните делови на системот за варење) столицата е течна,со иритирачка содржина и затоа празнењето на ќесата е често и постојано во текот на денот а содржината на столицата е силно иритирачка и не се згустува.
Kога се изведува илеостома?
Според проценката на хирургот се изведува таква стома со која ќе се спречи функционирање на оној дел од цревото кој се наоѓа меѓу стомата и анусот. Илеостомата најчесто се изведува за привремена намена и по извесно време се отстранува, по што повторно се воспоставува природен тек и исфрлање на отпадните материи, а понекогаш останува и трајно..
НЕГА НА ИЛЕОСТОМА
Постапките за правилна нега на илеостомата не се разликуваат од постапките кои се спроведуват при нега на колостомата
Постапките за правилна нега на илеостомата не се разликуваат од оние кои се оприменуваат за нега на колостомата Со одредени совети за превенција од׃ црвенило,
-
крварење ,
-
чешање,
-
болка,
-
печење ,
-
инфлитрација на столицата под плочката или подлогата кај едноделниот систем,
-
нагло одвојување на ќесата од подлогата или одлепување на ќесата кои многу почесто се јавуват кај илеостомата во споредба со колостомата може да се избегнат овие компликации
ЗАБРАНЕТО Е ДА УПОТРЕБУВАТЕ׃ етер, алкохол, хидроген и сл.,бидејќи овие средства ја оштетуваат и горат кожата.
Како што знаеме стомата не е рана туку составен дел од телото и затоа за нејзина хигиена и чистота не е потребно да се користат стерилни туку само чисти средства .Стомата се испира со чиста вода и бебешки шампон или сапун ,потоа се суши со нежна мека крпа или тоалетна хартија.
Пред да се постави подлогата или едноделната ќеса потребно е прво со ножици да се исече отвор на истите со големина и форма како и стомата.Ако во зоната каде што се поставува подлогата околу стомата има присуство на влакна потребно е тие да се избричат со жилетче за еднократна употреба.
ДИЕТЕТСКИ СОВЕТИ ЗА ИЛЕОСТОМА
Низ тенкото црево столицата која поминува не е формирана (речиси течна) зошто не е апсорбирана водата од неа (тој процес се случува во колонот-дебелото црево).Столицата која се исфрла преку илеостомата секогаш воглавно е течна ,но може да стане погуста доколку се следат одредени едноставни правила׃
-
дневната количина на храна треба да се подели во 3 главни оброци и 2 ужини
-
оброците пожелно е да се во одредено исто време
-
храната добро да се сожвака бидејќи варењето на дел од храната започнува веќе во устата
-
да се јаде полека и со затворена уста за да се спречи голтање на воздух
-
да се избегнува храна со висока содржина ароматски состојки (лук,кромид и сл.)
За да столицата биде што помалку течна состојки кои умерено треба да се земаат или да се избегнуваат ׃
-
масти,мармалади,
-
сосови, пржена храна,
-
праз, лук ,патлиџан,
-
сувомеснати производи богати со масти,
-
варени јајца,
-
газирани и ладни сокови
Дозволени се умерени количини на кафе и вино за време на оброк
Треба да се има во предвид дека задоволувањето на вкусот е поздраво нешто во споредба со забраната иако создава несакани ефекти но истовремено помага подобро да се запознаеме себеси .За сите останати информации најдобро е да ја контактирате вашата стома сестра и хирургот.
СОВЕТ ОД ПСИХОЛОГ
По хирушката интервенција со која се иведува стомата можно е да дојде до отежнато привикнување и прифаќање на новонастаната состојба која го погодува пациентот во глобална смисла и влијае и на членовите од неговата фамилија.Зборуваме за ненадејно менување на секојдневието ,и ненадеен премин од светот на здравите во светот на болните.Поминувате низ искуство на постојан контакт со лекари,испитувања,стручни термини,лекови и терапии. Стресот се јавува како резултат на сите потешкотии кои се јавуваат во тек на болеста а исто и како психолошки рефлекс на одредени емотивни преживувања .Во врска со одреден квалитет на живеење потребно е во одредена мерка да се земат во предвид емотивните искуства како што се лутење,немоќ,нервоза и сл.и како такви не смеат да бидат заборавени и отстранети ,туку да се земат во предвид и да се соочиме со нив бидејќи д се осеќате добро накрајот мора да помине во тоа да бидете добри