top of page

КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО


Рак (карцином)на дебело црево е една од најчестите злочудни болести која се јавува кај двата пола подеднакво.

Хирушкиот зафат е основен облик на лекување, а прогнозата зависи од стадиумот на болеста во моментот на поставување на дијагнозата.

Со превентивни тестови и прегледи може да се открие во рана фаза,но неподготвеноста на ,,здравите луѓе,, на таков пристап на заштита на здравјето најчесто кај две третини од пациентите резултира со поставување на дијагноза дури по појава на симптоми. Учеството на јавноста во многу превентивни здраствени програми е суште недоволно.

Позитивното влијание на познатите личности на здраствената свест и превентивните акции докажано е дека е недоволно искористено.

 

НАЗИВИ


Латински називи: Carcinoma coli, Adenocarcinoma coli
Анлиски називи: Colon cancer, Adenocarcinoma

 

РАЗВОЈ НА БОЛЕСТА


Најголем број од карциномите на дебелото црево се од жлездесто потекло (adenokarcinom) и се создаваат од адематозни полипи. Карциномот се развива заради голем број критични генетски промени во клетките на дебелото црево кои се одвиваат во тек на многу години наназад.

 

ПРИЧИНА


 Голем број на различни причини се поврзува со оваа болест. Полипите на дебелото црево ,чија бројка расте со старењето го зголемува ризикот за развој на карцином на дебелото црево,но сеуште не е утврдено колку е корисно отстранувањето на полипите за намалување на појавата на оваа болест.

Наследниот фактор е посебно важен

  • фамилијарна полипоза

-пациентот ја наследува мутираната копија на АПЦ генот -ретка болест, но носи голем ризик

  • фамилијарен неполипозен карцином на дебело црево

-се јавува кај 1-5 % од пациентите

- Конзумирањето на алкохол го зголемува ризикот

- покасна возраст,намален внес на фолати

- храна богата со масти и холестерол а сиромашна со влакна

- воспалителни болести на цревата : Crohnova болест , Ulcerozen colit

- постои мислење дека редовна телесна активност го намалува ризикот за појава .

 

СМРТНОСТ


Просечно 60% од пациентите преживува 5 години по дијагноза на болеста.Петогодишното преживување се разликува во поедини стадиуми на болеста.Кај  Dukes A стадиумот зафатена е само слузницата и имаме 5 годишно преживување кај 90 % од пациентите.Кај метастатските болести  тој број изнесува 5 %.Кај  Dukes Б прогнозата е  80% ако карциномот не го пробива мускулниот дел од слузницата. Кога туморот ќе се прошири во лимфните чворови (Dukes C) 5 годишно преживување може да се очекува кај помалку од 60% од пациентите.

 

ПОЛ


Застапеност на карциномот на дебелото црево е еднакава кај двата пола.

 

ВОЗРАСТ


Покасна возраст е познат ризичен фактор,така да во однос на возраста ризикот почнува да расте по 40 год.

Постарата возраст е ризичен фактор бидејќи со старењето доаѓа до насобирање на генетските промени и мутации во клетките.Лицата во чие семејство постои фамилијарна adenomatozna polipoza имаат 100% веројатност дека карциномот ќе се развие во период од 20-30 години, освен ако дебелото црево хирушки не се отстрани.

 


СИМПТОМИ


Во почетокот болеста нема симптоми. Симптоматски пациентите опишуваат болки во стомакот,промени во фреквенцијата /формата на столицата (пролив/запек), појава на крв во столица, свежа крв во трагови

(hematokezija) или црна столица (melena). Слабост,анемија,чуство на непотполно празнење на цревата и нејасен губиток на телесна тежина поретко се јавуваат. Болката во стомакот се јавува заради делумна препрека на поминувањето на цревната содржина,ширење на туморот во стомачната шуплина или прскање на слузницата на цревата.Лажните грчеви со нагон за столица (tenezmi) може да ги зафатат мускулите на карлицата,тумурската маса може да го приклешти ишијадичниот или оптураторниот нерв и да предизвика болни невролшки симптоми.

Hematokezija (свежа крв на површина на столицата) пошесто се јавува кај ректалниот карцином( rectum e завршен дел од дебелото црево).

Анемијата заради недостаток на железо се јавува како последица на губитокот на крв и обично се јавува кај пациенти кај кои болеста е во понапредната фаза.

Промени во движењата на цревата почесто се јавуваат кај карцином на левата страна.Останати можни симптоми се надуваност на стомакот(абдоминална дистензија),мачнина,повраќање,замор.

 

МЕТАСТАТСКА БОЛЕСТ


Просечно 15-20% од пациентите за време на дијагнозата имаат метастази.Карциномот на дебело црево може да се прошири по лимфен или крвен пат,како и со ширење преку оментумот(potrbušnice). Метастазите најчесто се присутни во регионалните лимфни чворови,во црниот дроб,белите дробови,стомачната обвивка.Присуство на болка во во горниот десен квадрант од стомакот,надуваност на стомакот,брзо заситување при јадење ,зголемување на лимфните чворови над клучната коска или чворовите околу папокот укажуваат на покасен стадиум.

 

Невообичаена презентација

Карциномот на дебелото црево може да се јавува во невообичаени форми:
- локална инвазија во околни органи и формирање на малигни фистули(споеви) со мочниот меурили тенкото црево.
- зголемена телесна температура од непозната природа кога карциномот причинува создавање на  apsces во стомачната празнина или сид
- тешка инфекција со бактерии како Streptococcus bovis и Clostridium septicum
- adenokarcinom е причина за 6% аденокарциноми на кои во почетокот неможе да им се открие примарното место на појава

 

ВЛИЈАНИЕ НА СИМПТОМИТЕ НА ПРОГНОЗАТА


Присуството на симптоми е поврзано со лошата прогноза.Застојот во поминувањето на цревната содржина и/или прскање на цревата се лоши знаци независно од стадиумот на болеста.Крваречките карциноми порано се сметале за дијагностичка предност бидејќи овозможуваат полесно поставување на дијагноза,но крварењето не е независен знак за предвидување на исходот .

 

ЛОКАЦИЈА НА КАРЦИНОМ


Дел од дебелото црево на кој се развил туморот исто така е значаен за прогнозата. Карциномите кои се јавуваат во завршните делови на дебелото црево (rectum, sigma) имаат лошо 5 годишно преживување во сите стадиуми . И меѓу тие тумори полошо е преживувањето на пациентите кај кои туморот е сместен пониско ,односно блиско до отворот на цревото . Во последните 50 години запазена е поголема зачестеност на десностраните карциноми.

Sinkron карцином на дебело црево е состојба при која истовремено постојат два или повеќе примарни тумори одвоени со здрав дел од црево. Овие карциноми се појавуваат независно еден од друг и не се последица на метастатско ширење. Проценка е дека тие се присутни кај 3-5% од пациентите со оваа болест.Синокроните примарни карциноми имаат единствена прогноза како еден карцином.

Metakron карцином се дефинира како нематастатски нов карцином(и) кои се развиваат најмалку 6 месеци по почетната дијагноза кај 1.5-3% пациентите во првите 5 години по операцијата. Може да се работи за Синокрон карцином кој не е дијагностициран веднаш.Не постојат докази дека метакроните карциноми се позлочудни од ,, стандардните ,, карциноми.

Rekurentеn карцином повторно појавување на болеста по завршено лекување.

 


ДИЈАГНОЗА


Карцином на дебело црево може да се открие врз основа на симптомите или кај лица без симптоми преку рутински прегледи и тестови.

Fecal Occult Blood Test - FBOT Тестот со кој се открива крв во столицата може да открие мали количини на крв кои не се видливи со преглед на столицата.Доколку со овој тест се откријат трагови на крв потребни се понатамошни тестирања.

За да не се пропушти злочудна болест, секое крварење од дебело црево се смета за карцином додека не се докаже спротивното.

Дигиторектален преглед -лекарот го воведува својот кажипрст во отворот на дебелото црево и проверува дали има присуство на абнормално ткиво,др.неправилности и присуство на крв во столицата.

Флексибилна сигмоидоскопија- преглед кој се изведува со свитлив оптички инструмент сигмоидоскоп со дебелина на прст Заради недоволна должина на инструментот со овој преглед може да се види(прегледа) само половина од дебелото црево. Прегледот е напријатен, но не е болен.Неколку дена пред прегледот се спроведува посебен режим на исхрана и чистење на цревата.

Колоноскопија e дијагностичка метода која се изведува со свитлив инструмент со оптички влакна и овозможува директен увид во состојбата на слузницата,односно во внатрешноста на дебелото црево . Колоноскопот е подолга верзија на сигмоидоскопот. Најголем дел од карциномите на дебело црево се лоцирани во шуплината на цревото,така да колоноскопијата е одлична метода кај пациентите со присутни симптоми, бидејќи овозможува преглед на целото дебело црево,биопсија на сомнителни маси и полипи (земање на парче ткиво за анализа),откривање на синкрони карциноми и отстранување на полипи.Кај 5-10% од пациентите со колоноскопија неможе да се открие тумор заради одредени технички причини како што се (превиткано црево,лоша подготовка на пациентот за колоноскопија),во тој случај се прави рендгентски преглед со помош на баријева каша. Важно е да се прегледа целото дебело црево за да се исклучи присуство на на синкрон карцином.Ако туморската маса го попречува прегледот на целото црево,колонскопијата се повторува по операцијата.

Виртуелна колоноскопија која користи CT (CT колонографија) и MR (магнетна резонанца )  моментално се истражува со цел да се откријат нејзините предности во однос на постоечките методи.

Рендгендско снимање со помош на бариева каша - бариевата каша е контрасно средство кое овозможува приказ на дебелото црево. При ова испитување пациентот лежи  бочно на стол за снимање и при тоа низ анусот во дебелото црево му се вбризгува бариева каша.Патот на кашата се следи на рентгенски екран флуороскоп кој изгледа како телевизија.
По потреба во дебелото црево се пушта воздух за да подобро се прикаже внатрешноста.По завшување на снимањето пациентот оди во тоалет за да исфрли што повеќе од бариевата каша и воздух. Во тек на ова испитување пациентот може

да чуствува полни црева,грчеви,потреба за голема нужда и нелагодност.Нормален резултат се добива ако бариевата каша рамномерно ги исполнува сите делови на цревата,ако не постојат никакви испади на цревниот sид ,цревото е потполно проодно и со уредна положба

 

 

ТУМОРСКИ МАРКЕРИ
Неколку туморски маркери се поврзани со карциномот на дебело црево,на пр карциноембриски антиген (CEA), CA-19.9, CA-50 i CA-195. Нивното дијагностичко значење за откривање на примарниот карцином е мало,бидејќи нивни покачени вредности се јавуваат и при голем број на доброчудни состојби. Нивна примена особено не се препорачува при контрола на пациенти без симптоми,но се битни по поставена дијагноза за пратење на успехот на терапијата и прогнозата.Пациентите со вредности на CEA повисоки

од 5 ng/ml пред операција се со лоша прогноза.Ако покачените вредности на CEA по операцијата не се нормализираат тоа упатува на понатамошно присуство на болеста и бара дополнителна дијагностичка постапка.

 

ЛЕКУВАЊЕ


Постојат различни начини на лекување.Некои терапевтски методи се стандардни (моментално се користат),а новите пристапи се тестираат со клинички истражувања.

Три начина на стандардна терапија се: хирушки зафат,хемотерапија и зрачење.

Хирушки зафат е најчест начин на лекување на сите стадиуми на карцином.

  - локална ексцизија се применува ако карциномот се открие во ран стадиум при што хирургот може да го отстрани преку внатрешноста на цревото ,без отварање на абдоминалниот sид.

  - полипектомија е операција со која се отстранува карциномите во вид на полипи.

  - ресекција се применува кај поголеми карциноми.При оваа хирушка интервенција хирургот применува колектомија (отсранување на карциномот и одреден дел од околното здраво ткиво),анастомоза(шиење на здравите краеви од дебелото црево),отстранување на лимфните чворови околу дебелото црево.  Liječnik nakon toga može izvesti anastomozu (zašivanje zdravih dijelova debelog crijeva).

   - ресекција и колостома  се применува при состојби кога хирургот по отсранување на туморот неможе да ги сошие двата краја на цревото,и во тој случај се прави отвор(стома) на површината на предниот абдоминален  sид за исфрлање на цревната содржина. Стомата уште е нарекува anus praeter naturalis . Во некои случаии стомата се изведува привремено додека заболенето црево не зарасте .Во случаии кога хирургот треба да го отстрани целиот долен дел од дебелото црево тогаш колостомата која се изведува е трајна.

Ако хирургот ја отстрани целата туморска маса која е видлива ,по операцијата во некои случаии се препорачувахемотерапија за да се отстранат останатите карциномни клетки,Ова лекување чија цел е зголемување на можноста за потполно излекувањесе нарекува адјуватна терапија.

Хемотерапија  е тип на терапија при која се употребуваат лекови против клетките на карциномот.Хемотерапијата може да се земе преку уста ,по венски пат или со инекција во мускул

Радиациска терапија е тип на терапија при која се употребува зрачење за убивање на туморските клетки и  намалување на туморските .Постои надворешно зрачење( кога апаратот се употребува надвор од телото) и внатрешно зрачење (поставување на изворот на зрачење,радиоизотопите,во телесните шуплини преку пластични цевки).Карциномот на дебело црево може да се лекува со надворешно зрачење. После хемотерапијата се прави тест на крвта со кој се мери нивото на карциноембрискиот антиген (CEA) и други испитувања за да открие евентуален рекурентен карцино.

Биолошка терапија  е тип на терапија со кој се стимулира имонолошкиот систем на организмот во борбата против карциномот. При овој тип на терапија се користат телесни или лабораториски производи засилување,насочување,или обновување на телесните одбрамбени механизми. Биолошката терапија понекогаш се нарекува модификатор на биолошкиот одговор (biological response modifier, BRM) или имунотерапија.Биолошката терапија научниците интезивно ја истражуваат.

 

КОНТРОЛА ПО ЗАВРШЕНО ЛЕКУВАЊЕ


Контроли по лекувањето се потребни за да навреме се открие повторното јавување на болеста (рекурентен карцином) со што би можело да спроведе успешно лекување.Моменталните клинички протоколи вклучуваат повремени клинички прегледи ,лабораториски тестови,радиолошки снимања,и мерење на нивото на карциноембрискиот антиген (CEA). Не постои согласување кај медицинските стручњаци во однос на тоа кој е најдобриот протокол за контрола на болеста ,така да се уште не се знае дали сите наведени медицински испитувања се потребни кога ќе се земе во предвид нивната агресивност и висока цена.

 

ПРЕВЕНЦИЈА


Мерките на превенција вклучуваат исхрана со низок внес на масти,внес на големи количини на овошје и зеленчук,мали количини на црвено месо,редовна телесна активност,одржување на препорачаната телесна тежина.Изразот хемопревенција се однесува на ,,употреба на хемиски состојки во превенција,успорување на растот или отстранување на создадените карциномни клетки,,.

 

Preuzeto sa: medicina.hr

 

bottom of page