top of page

Кронова болест 

 

 

Кронова болест е воспалителна болест на дигестивниот систем и се јавува и кај децата и кај возрасните. Причината за Кроновата болест не е позната, но наследните фактори влијаат на појава на болеста.Симптомите на Кроновата болест обично се рани во уста,пролив,болка во стомак,губиток на телесна маса,температура.Пациентите може да имаат и други симптоми кои не се поврзани со дигестивниот систем како што се кожен дерматит,болка во зглобови,црвенило во очите и поретко одредени проблеми со црниот дроб. Иако Кроновата болест е долготрајна хронична болест, со соодветно лекување таа може да се држи под контрола со постигнување на долги периоди без симптоми(ремисија). Голем е бројот и на пациенти со Кронова болест кои имаат квалитетен и активен живот и покрај симптомите. Лекувањето се прилагодува на секој пациент и тоа посебно зависи од зафатениот дел од дигестивниот систем,од типот на симптомите и активноста на болеста. Лицето кое е заболено од Кронова болест треба да има активна улога во медицинските одлуки,да научи што повеќе за својата болест,да се придржува на лекарските совети и штом ќе дојде до промена на состојбата веднаш да го информира својот лекар.

 

Историјат

Кроновата болест станала позната откако американските лекари Crohn, Ginsberg и Oppenheimer ја опишале во списанието  Journal of American Medical Association (JAMA) 1932 година.

Измеѓу 1920-и и1930-и се поголем број на млади луѓе се јавуваат на преглед кај лекарите со симптоми кои се слични со оние при воспаление на слепо црево : грчевита болка,ѕемпература,проливи,губиток на телесна маса .Во 1923 год, Berg, Ginsberg i Oppenheimer хирурзи од  Mt. Sinai Hospital во New Yorku,имале 12 пациенти со вакви симптоми,при што тие со приказ на овие случаеви докажале дека се работи за до тогаш непозната болест. Burril Crohn во 1930.покажал слични резултати од 2 пациентикои ги лекувал .Crohn се поврзал со хирурзите и во 1932 год .заедно ги објавуваат овие резултати.До тогаш оваа болест била нарекувана  "terminalen ileitis". Бидејќи зборот ,,терминален,, има негативно толкување и болеста не е ограничена само на тенкото црево со текот на времето се врежал називот Кронова болест.

Во временскиот период кога Крон и соработниците ја опишале оваа болест се сметало дека Кроновата болест и Улцерозниот колитис се две различни болести.Во поново време се открива дека овие две болести може да се преклопуваат и при тоа за таа состојба се користи називот ,,неодреден колитис,,.

 

Називи

Латински назив : Morbus Crohn

Англиски назив: Crohn's disease

 

Причина

Точната причина зошто се јавува Кроновата болест не е позната.Познато е дека почесто се јавува во одредени фамилии,што укажува на генетска поврзаност. Со проучување на генетиката на болеста можеме подобро да разбереме како доаѓа до нејзина појава, која е  улогата на надворешните фактори и на тој начин полесно да пристапиме кон терапевтските мерки . Голем број на истражувања се обидуваа да откријат надворешни фактори и инфекции кои би можеле да бидат причинители на болеста,но ниеден од овие фактори не е потврден. Моментално се смета дека кај генетски предиспозираните пациенти постои вид на активатор кој доведува до промени во имунолошкиот систем на организмот  и појава на воспаление во системот за варење.Бактериите ,состојките на храната кои се наоѓаат во системот за варење највероватно имаат улога за појава на болеста. Воспалението ги оштетува цревата и како резултат на тоа доаѓа до појава на одредени симптоми.

Знаци и симптоми

Во споредба со Улцерозниот колитис клиничката слика на Кроновата болест е многу пообемна бидејќи ова болест се јавува по целата површина на цревато и зафаќа ралична површина од цревата.Заради неспецифичните симптоми често пати се мисли дека се работи за синдром на иритабилни црева.Илеитис и колитис (воспаление на тенко и дебело црево ) предизвикуваат пролив,болка во стомак,губиток на телесна маса,температура.

Проливот може да има повеќе причини: претерано излачување на течност,пореметено впивање на течноста од цревата,пореметеност на впивањето на жолчните соли од цревата,зголемен губиток на маснотии (steatoreja) заради воспаление и губиток на жолчните соли.Бактериско размножување во луменот на тенкото црево,фистули измеѓу тенкото и дебелото црево,голема зафатеност на горниот дел од тенкото црево (jejunum)истотака доведува до стеатореа . Најчесто тешко се разликува илетис од колитис ,освен во случаии кога болеста е ограничена на левата страна од дебелото црево,Во тој случај пациентите може да имаат поголеми крварења кои го имитираат улцерозаен колитис.

Грчевита болка во стомак е најчест симптом на болеста, независно од тоа кој дел од цревото е зафатен . Воспалителниот процес ја зафаќа целата дебелина на sидот на цревото ,се јавуват фиброзни стеснувања кои доведуваат често до опструкции на цревото.Понекогаш пациентите кај кои е зафатен долниот дел од тенкото црево немаат симптоми на болеста се додека стеснувањето на цревото не предизвика запек (опстипација) и рани знаци на опструкција на црева  со болка во стомакот.

Крварење со лабораториски испитувања кај оваа болест микроскопски присутни се  трагови на крв но макроскопски -видлива крв е ретка,монгу поретка во споредба со улцерозниот колитис.Тоа е една од причините за касното откривање и дијагностицирање на оваа болест.Кај пациентите со продолжени проливи вез видлива крв во столицата,но со проблеми на кожата,очите или зглобовите особено ако постои и воспалителна болест во семејството треба да се земе во предвид оваа дијагноза.

Перфорации и фистули - перфорација е појава на отвори(пукнатини) во sидот на цревата а фистула е  неприродна комуникација (спојување) помеѓу органите кои во нормала состојба се одвоени .

Воспалението ја зафаќа целата дебелина на sидот на цревото .Заедно со обновувањето на уништените клетки доаѓа до создавање на сврзно ткиво кое е помалку еластично ,причинува сили на тракција кои може да направат отвори во цревата.Како резултат на тоа цревната содржина се излева во стомачната шуплина и предизвикува инфекција и воспаление.Оваа компликација е потенцијално смртоносна .Може да има акутна презентација заради локализираното воспаление на стомачната обвивка со температура,болка во стомакот,осетливост на допир,а често пати може да се допира и маса во стомакот. Проширување на  воспалението на стомачната обвивка (difuznen peritonitis)е ретка појава но е можна.Создавањето на отвори во sидот на цревата често не предизвикува алармантни симптоми и води кон создавање на фистули.Симптомите при создавање на фистулите зависат најповеќе од местото на кои тие се формирани.

Еnteroenterični фистули- се формираат меѓу двата sида на тенкото црево ,не мора да даваат симптоми или пак се допираат како присутна маса во стомакот. 

Enterovezikalni фистули - се фистули кои се формираат помеѓу тенкото црево и мочниот меур,при кои што доаѓа до чести воспаленија на уринарните органи со различни микроорганизми како и присуство на меури на воздух во урината (pneumaturija).

Фистулите со задниот дел на стомачната шуплина (retroperitoneum)предизвикуваат насобирање на гној и/или затнување на уретрите со хидронефроза заради притисокот кој го вршат на нив. 

Еnterokutani фистули се фистули со кожата кои заради тоа што цревната содржина се излева на кожата на површината од телото предизвикуваат разранување на кожата.

Perianalna болест  - се јавува околу отворот на дебелото црево.Симтомите се болка,исцедок,фисури(напукнувања),насобирање на гној,фистули.

Составни симптоми - губиток на телесна тежинаи температурата се главни општи симптоми.Слабеењето обично се поврзува со одбегнувањето на х,бидејќи пациентите најчесто се осеќаат подобро ако не јадат.Температурата може да е предизвикана од воспалителниот процес или обично се јавува при перфорација на црево и дополнителна инфекција.

Кроновата болест минува низ периоди на влошувања и смирувања(egzacerbacii и remisii). 10 до 20% од пациентите по првата појава на болеста ќе влезат во ремисија.Кај други пациенти болеста е варијабилна и може да има повремени долги периоди(недели,месеци) со поблаги симптоми(благ пролив,и грчеви)  или,тешки и онеспособувачки симптоми (јака стомачна болка,обилни проливи,и затнување на цревата).Лекувањето ја насочува болеста во ремисија -мирување и го продолжува трење.

Најчесто Кроновата болест го погаѓа завршниот дел на на тенкото црево(terminalen ileum) и дебелото црево и предизвикува нивно воспаление.Воспалението на цревата може да доведе до создавање на абнормални премини и комуникации (fistuli),создавање на отвори во sидовите на цревата (perforacii), стеснувања на системот за варењете (strikturi)и негово затнување. Кроновата болест може да го зафати и подрачјето околу дебелото црево (perianalno подрачје)каде што исто предизвикува создавање на фистули,чирови.гнојни колекции-насобирања, како и напукнувања - (fisuri).

Може ли Кроновата болест да ги зафати и останатите органи?

Кроновата болест може да предизвика воспаление и надвор од системот за варење

ekstraintestinalna болест). Можни симптоми се црвенило и отекување на кожата,болка во очите,проблеми со видот,кашлање,свиркање при дишење и отежнато дишење.Воспаление на кожата се јавува кај помалку од 15 % од пациентите и обично се повлекуваат кога ќе почне лекувањето на абдоминалните симптоми,но понекогаш е потребна и употреба на кортикостероиди.

 

Кога е потребен хирушки зафат?

Со конзервативното лекување се држат под контрола симптомите на болеста и се одложува операцијата.Хирушкиот зафат е ,,последна линија на одбрана,,бидејќи не ја излекува болеста иако кај некои пациенти најбрзо го подобрува здравјето.Околу 80 % од пациентите во текот од болеста имаат потреба од оперативен зафат најчесто поради сериозноста на здраствените проблеми.

Хирушките процедури се применуваат за запирање на крварења,затварање на фистули,и за отстранување на заболените делови од цревата

 

Што да се очекува по операција?

Најважно е да имате реални очекувања од хирушката интервенција која што може да го подобри здравјето на пациентот дури и да му го спаси животот,но нема да ја излекува болеста. 85-90% од пациентите во тек на првата година од операцијата немаат симптоми а кај 20 % од нив не се јавуваат симптоми на болеста и во тек на наредните 15 год. Ако болеста е ограничена на дебелото црево и тоа се отсрани само кај десетина од пациентите во текот на следните 10 год се јавуваат симптоми.Ако по хирушката интервенција веднаш се започне со долготрајна терапија со лекови се намалува ризикот за повторна појава на болеста.

Понекогаш потребно е да се изведе хирушката интервенција со која се креира-изведува отвор (stoma) на предниот стомачен sид преку кој понатаму ќе се врши празнењето на цревната содржина(отпадните материи).

 

Ризици за рани хирушките зафати

 

Под рани хирушки зафати во однос на Кроновата болест се подразбираат хирушките зафати кои се спроведуваат во првите 3 год по дијагностицирање на болеста.

Кај пациентите кај кои се спроведува рана хирушка интервенција се јавува повторување на одредени фактори на ризик. Ризичните фактори кои се значително  поврзани со со ризикот од ран хирушки зафат се: пушење,болест на тенкото црево без зафаќање на дебелото црево,мачнина, и повраќање или стомачната болка за време на дијагноза,број на неутрофилните леукоцити и лекување со стероиди во првите 6 месеци.

 

Како болеста се лекува кога ќе се јави повторно по хирушки зафат или ремисија?

Рекуретната Кронова болест  се лекува на ист начин како и при нејзино прво јавуување. Во некои случаии при лекување на Кроновата болест потребно е да се користат појаки лекови или да се воведе нова група на лекови.

Кронова болест кај деца и адолесценти

Кај 1/5 од заболените болеста се јавува пред 18 год.Кај децата доколку болеста не се лекува доаѓа до  низок раст и одложен развој.Примена на агресивна нутринустичка терапија овозможува уреден раст и развој.Бидејќи стероидите може да го успорат растот и да доведат до остеопороза,кај децата се употребуваат дури во крајна состојба и при тоа постојано се контролираат висината,тежината и минералната густина на коските. Ако здраствената состојба влијае на секојдневното функционирање и оневозможува дружење со врсниците децата можат да имаат сериозни психосоцијални проблеми.Доколку детето изгледа повлечено,тажно.незаинтересирано за активности или има потешкотии во школо,се препорачува тоа да му се нагласи на лекарот и да се консултира детски психолог или психијатар.

 

Може ли заболените од Кронова болест да имаат деца?

Мажите и жени заболени од Кронова болест може да имаат деца.Се препорачува претходно со лекарот да позборувате околу дејството на редовната терапија која ја земате во тек на бременоста. Кај деца од родители со Кронова болест веројатноста за појава на истата болест е 3-20 пати поголема во однос на општата популација но моментално непостои начин за предвидување на индивидуалните ризици на децата.

Preuzeto sa www.hucuk.hr

bottom of page