top of page

Ние, пациентите со стома од Република Македонија се организиравме во Национално инвалидско здружение на лица со стома ИЛКО МАКЕДОНИЈА. Во Република Македонија има околу 1700 пациенти со стома. 

 

Наша задача е пружање на меѓусебна помош, подршка, размена на искуства со цел и покрај инвалидноста да живееме активен и квалитетен живот. Запомнете дека хирушката операција при која вие се здобивте со стома ви го спасува животот! Навикнете се на новиот начин на живот и чекор по чекор повторно дојдете до својата слобода и слободата на вашите најблиски! Обратете се на веб страната на ИЛКО Македонија доколку ви треба стручна помош и совет во врска со нега и третман на вашата стома или набавка на помагалата (ќесички, плочки, појаси или пасти ...). 

 

На оваа страна планираме да објавуваме потребни информации за правата на пациентите со стома, за лекувањето, за соодветната исхрана како и за активностите на Илко Македонија. 

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ! ЗАЕДНО ПОЛЕСНО И ПОБРЗО ЌЕ  ГИ НАДМИНЕМЕ УТРИНСКИТЕ НЕЛАГОДНОСТИ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ПРЕД И ПО ОПЕРАЦИЈАТА ИЛИ ВО ПОСТОПЕРАТИВНИОТ ПЕРИОД НА ЗАЗДРАВУВАЊЕ - РЕХАБИЛИТАЦИЈА.

 

Национално инвалидско 

здружение на лица со стома

ИЛКО Македонија 

 

П Р И С Т А П Н И Ц А

 

Корисни линкови:

ФОРУМ                                           

 

Сакате да дознаете нешто повеќе од луѓето кои се во слична состојба?

Или да добиете корисни информации од стручни лица? Или само сакате да споделите нешто со другите? 

Пријавете се на нашиот форум!   

Би благодариме за зачленувањето!

bottom of page