top of page

ЗАТВОРЕНИ ЌЕСИ (КОЛОСТОМА)

  • Затворените ќеси наменети се за еднократна употреба што овозможува едноставна употреба во посебни прилики,при интимни односи но и при секојдневна употреба .Затворените ќеси имаат филтер кој го намалува непријатниот мирис и притисокот кој го вршат гасовите.Кога ќесето е спремно за менување едноставно се  одстранува и потоа оди во ќеса за отпад.

  • Се препорачуваат за колостома(за секојдневна употреба а во посебни прилики и за илеостома ,исклучиво не се препорачува кај уростома .

 

СЛИКА ЗА ДВОДЕЛЕН СИСТЕМ

 

  • Секој кој има извлечена колостома над нивото на стомакот треба да користи дводелен систем кој се состои од леплива подлога-плочка и затворена ќеса

  • Пациентите со колостома која е во ниво на стомакот користат едноделен систем на затворена ќеса каде подлогата е споена со ќесата.

     

ШТО Е ЌЕСАТА?

 

  • Ќесичката служи за собирање на урина или столица, зависно од тоа кој тип на стома ви е изведен со хирушката интервенција Видови на ќеси:

  1. ЗАТВОРЕНИ ЌЕСИ ЗА КОЛОСТОМА

  2. ОТВОРЕНИ СО ИСПУСТ ЗА ИЛЕОСТОМА

  3. ОТВОРЕНИ СО ИСПУСТЕН ЧЕП ЗА УРОСТОМА

   ЗАТВОРЕНИ ЌЕСИ

 

  •  Затворените ќеси се за еднократна употреба што ги прави совршени за секојдневна употреба во секаква прилика но и за посебни прилики ,како и при интимни односи.Кај затворените ќеси кои со филтер, благодарение на филтерот намалена е непријатната миризба на гасовите како и притисокот кои го вршат кога ќе се насоберат во ќесата.

 

  • Немаат испуст за празнење на изметот , откако ќе се наполнат се заменуваат, со едноставно нивно отстранување и сместување во ќеса за отпад.

 

  •  За секојдневна употреба се користат кај пациенти со колостома,  а за посебни прилики и кај пациенти со илеостома.

 

СЛИКА ДВОДЕЛЕН СИСТЕМ КОЛОЌЕСА+ПЛОЧКА

СЛИКА ЕДНОДЕЛЕН СИСТЕМ КОЛОЌЕСА ЕСТЕЕМ +СТОМАДРЕСС

 

ШТО Е ЛЕПЛИВАТА ПОДЛОГА-ПЛОЧКА ?

 

Лепливата плочка се лепи на кожата околу вашата стома, и ја штити  вашата кожа од отпадните материи од стомата и служи за прикачување на ќесата.

  • Лепливите плочки служат за:

        - вообичаена употреба,најдобро при нега на колостома

        - продолжена употреба,што е карактеристично за илеостомата илиуростомата,

          каде треба да се постигне поголема заштита на кожата околу стомата,

          од отпадните материи на стомата.

  • Отвор на лепливата плочка

         - отвор за сечење - се сече со ножици според обликот и големината на вашата стома (кај стоми кои немаат

           форма на идеален круг)

         - фабрички исечен отвор- не треба дополнително да се сечат

         - моделирачки - стома отворот се моделира со прсти и тоа точно според обликот и големината на вашата

           стома. Кај овој тип на плочки доаѓа до идеално спојување на подлогата околу стомата што овозможува

           најголема заштита од влажење и течење,за разлика од другите типови на плочки.

 

 

ИЗБОР НА СООДВЕТНА ДИМЕНЗИЈА /ГОЛЕМИНА НА СТОМА ПОМАГАЛО

 

По извршената хирушка интервенција вашата стома,може да е натечена . Овој оток на стомата ,ќе се намали и повлече во текот на следните 2-3 месеци, при што ќе се намали и големината на стомата. Заради овие промени на големината на стомата многу е важно да ја мериме големината на стомата, во текот на првите недели и месеци по хирушкиот зафат, за да сме сигурни дека стома помагалото кое го користиме во моментот се уште ни одговара .

Ова мерење на големината на стомата го правите периодично ,за да на време забележите дали навистина користите соодветна димензија /големина на стома помагало?

С

 

 

 

bottom of page