top of page

Нега на стомата и кожата околу стомата е основен услов за нормално користење на стома помагалата

слика од докторка

Бидејќи отпадните материи од стомата се штетни и ја иритираат  вашата кожа околу стомата,затоа посебно важно е да користите соодветна подлога-плочка(ако користите дводелен систем) или леплива подлога(ако користите едноделен систем).

 

ЗОШТО Е БИТНО КОЖАТА ОКОЛКУ СТОМАТА ДА ЈА СОЧУВАТЕ ЗДРАВА?

 

   Кожата околу стомата е подрачје кое е постојано покриено со стома лепливите плочки/подлоги.Ако таа

   се оштети и разрани тогаш лепењето на стома плочките/подлогите оди многу потешко. Кога  ја

   поставувате лепливата плочка/подлога треба кожата околу стомата да е сува и неоштетена. Тогаш

   сме посигурни дека стома системот кој го користиме ќе остане на местото каде го поставуваме  до

    следното менување.Битно е да се знае дека можни се одредени компликации на кожата околу стомата 

    и тие директно влијаат на вашиот секојдневен комодитет и кавлитет на живот.Затоа запаметите

    дека спречувањето т.е. превенцијата е основна работа за одржување на здрава и квалитетна кожа

     околу стомата.

 

ПРОВЕРЕТЕ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ ЗА ЗДРАВ ИЗГЛЕД НА КОЖАТА ОКОЛУ СТОМАТА

 

Кожата треба да е неоштетена и сува.Треба да запаметите како изгледа вашата кожа кога е здрава.Кожата околу стомата треба да изгледа исто/слично како и кожата на останатиот дел од стомакот (неоштетена,неиритирана).Откако ќе знаете како треба да изгледа вашата кожа кога е здрава и нормална многу полесно ке ги приметите можните оштетувања и разранувања.

 

 Здрава кожа                                                        Иритирана кожа

 

СЛИКА ОД ЗДРАВА И ИРИТИРАНА КОЖА

 

 

НЕ СТЕ САМИ

Компликациите на кожата околу стомата најчесто се една од причините заради која лицата со стома имаат потреба од здраствена нега и третман.Доколку овие компликации на кожата околу стомата ве загрижуваат тогаш обратете се на вашиот стоматерапевт веднаш.

 

Промедика

Ул.Св.Кирил и Методиј 50/5

тел 02 3248  400

специјализирана аптека

Промедика Фарм

Ул.Св.Кирил и Методиј 50/2

тел 02 3248  426

 

советувалиште:

Промедика Медикал Центар

Ул.Св.Кирил и Методиј 50/2

тел 02 3248  426

 

 

S

 

 

bottom of page