ОТВОРЕНИ ЌЕСИ СО ИСПУСТ (ИЛЕО ЌЕСИ)
СЛИКА ЗА ДВОДЕЛЕН СИСТЕМ
-
Секој кој има извлечена илеостома над нивото на стомакот треба да користи дводелен систем кој се состои од леплива подлога-плочка и затворена ќеса
-
Пациентите со илеостома која е во ниво на стомакот користат едноделен систем на затворена ќеса каде подлогата е споена со ќесата.
ШТО Е ЌЕСАТА?
Ќесичката служи за собирање на урина или столица, зависно од тоа кој тип на стома ви е изведен со хирушката интервенција.
Видови на ќеси:
-
ЗАТВОРЕНИ ЌЕСИ ЗА КОЛОСТОМА
-
ОТВОРЕНИ СО ИСПУСТ ЗА ИЛЕОСТОМА
-
ОТВОРЕНИ СО ИСПУСТЕН ЧЕП ЗА УРОСТОМА
ОТВОРЕНИ ЌЕСИ СО ИСПУСТ ЗА ИЛЕОСТОМА
На некои од пациентите со колостома или илеостома повеќе им одговараат ќеси кои се отворени и имаат испуст за празнење на отпадните материи од стомата .Испустот се празни едноставно со откопчување на штипката која се наоѓа на долниот дел од ќесата.
-
Се препорачуваат за употреба кај илеостома
-
Се препорачуваат за употреба кај колостома
СЛИКА ДВОДЕЛЕН СИСТЕМ КОЛОЌЕСА+ПЛОЧКА
СЛИКА ЕДНОДЕЛЕН СИСТЕМ КОЛОЌЕСА ЕСТЕЕМ +СТОМАДРЕСС
ШТО Е ЛЕПЛИВАТА ПОДЛОГА-ПЛОЧКА ?
Лепливата плочка се лепи на кожата околу вашата стома, и ја штити вашата кожа од отпадните материи од стомата и служи за прикачување на ќесата.
-
Лепливите плочки служат за:
- вообичаена употреба,најдобро при нега на колостома
- продолжена употреба,што е карактеристично за илеостомата илиуростомата,
каде треба да се постигне поголема заштита на кожата околу стомата,
од отпадните материи на стомата.
-
Отвор на лепливата плочка
- отвор за сечење - се сече со ножици според обликот и големината на вашата стома (кај стоми кои немаат
форма на идеален круг)
- фабрички исечен отвор- не треба дополнително да се сечат
- моделирачки - стома отворот се моделира со прсти и тоа точно според обликот и големината на вашата
стома. Кај овој тип на плочки доаѓа до идеално спојување на подлогата околу стомата што овозможува
најголема заштита од влажење и течење,за разлика од другите типови на плочки.
ИЗБОР НА СООДВЕТНА ДИМЕНЗИЈА /ГОЛЕМИНА НА СТОМА ПОМАГАЛО
По извршената хирушка интервенција вашата стома,може да е натечена . Овој оток на стомата ,ќе се намали и повлече во текот на следните 2-3 месеци, при што ќе се намали и големината на стомата. Заради овие промени на големината на стомата многу е важно да ја мериме големината на стомата, во текот на првите недели и месеци по хирушкиот зафат, за да сме сигурни дека стома помагалото кое го користиме во моментот се уште ни одговара .
Ова мерење на големината на стомата го правите периодично ,за да на време забележите дали навистина користите соодветна димензија /големина на стома помагало?