top of page

Основната утврдена сума за остварување на право на помош и домашна нега според правата на социјалната нега е 500,00 куни (70 еур=4200 ден) .

Висината на додатокот за помош и домашна нега изнесува:

  • во полн износ 100% од основицата 500,00 куни

  • во намален износ 70 % од основицата 350,00 куни → кај случаии кога просечниот месечен приход по член од семејство не е повисок од 200% од основниот месечен приход кој го одредува Владата на Хрватска (800,00 кн) или ако месечниот приход на самохран не е повисок од 250% од одредената основна сума за додаток за домашна нега (1000,00 кн) во претходните 3 месеци откако е поднесено барањето и започната постапката за остварување на додаток за домашна нега .

 

Дали ќе се оствари правото на додаток за домашна нега во полн или намален износ зависи од потребата за помош на лицето со стома од некое друго лице во полн или намален ангажман а тоа го проценува и дава мислење првостепената комисија.

Пречки за добивање на Додаток за домашна нега се׃

  • склучен договор за доживотно издржување

  •  

  • сопственост на некретнина која не се користи за основните животни потреби.

За остварување на право на Додаток за домашна нега потребно е да се јавите во Центарот за социјална помош и одговорниот социјален работник според местото на живеење. 

 

bottom of page