top of page

КОЛОСТОМА

Колон е дел од цревата кој се наоѓа меѓу тенкото црево и ректумот. Колонот ја насочува столицата

да го продолжува својот пат преку ректумот, аналниот канал и анусот накај надвор .

 

ШТО Е КОЛОСТОМА?

Колостомата е врска меѓу колонот и стомачниот сид и која ја насочува столица накај надвор.

Кај колостомата,  ако се наоѓа на левата страна, бројот на столици е помал во споредба со илеостомата или ако колостомата е на десната страна од стомакот, и по формираност е многу слична на столицата која по природен пат се исфрла преку анусот. Појавата на гасови е нормална појава.За разлика од анусот ,колостомата не добива сигнал за празнење, бидејќи таа нема сфинктер па затоа празнењето на формираната столица е поспоро и без своеволна контрола .Одредена исхрана како и конзумирањето на доволна количина на  течности овозмоѓуваат да се  воспостави  одреден ритам на празнење.

Каде се изведува колостомата:

Колостома се изведува при состојби во дигестивниот систем  кога заради одредени причини поминувањето  и исфрлањето на столицата неможе да се изведува по природен пат.Постојат два типа на колостома привремена која се изведува со хирушка операција и се отсранува кога ќе се создадат услови за проток и исфрлање на столицата по природен пат и трајна колостома при состојби каде таа е најдобро решение за проток и исфрлање на столицата

.Најчесто двата типа на колостоми се наоѓаат на левата страна  во долниот дел од стомакот но понекогаш заради одредени технички причини може да се поставаат и во десниот дел од стомакот.

 

НЕГА НА КОЛОСТОМА

Негувањето на стомата се изведува внимателно и одлучно ,без страв и срам.Стомата не е рана, туку нов  орган од сопственото тело кој служи за исфрлање на столица ,па затоа за нејзина хигиена и чистење не се потребни стерилни туку чисти средства.

 

КАКО СЕ МЕНУВА ЌЕСАТА?

За соодветна хигиена и чистење на колостомата потребно е при рака да имате се што е потребно .Материјал кој секогаш треба да го имате со себе при рака за првилно чистење на колостомата :

- ќесичка за ѓубре
- шампон за тело (бебешки сапун)
- сунѓерче( природно/синтетичко) или влажни шамивчиња
- WC хартија (повеќеслојна)
- ножици ( за сечење и прилагодување на отворотна подлогите-плочките кај некои типови  на стоми)
- меко пешкирче
- резервна плочка и ќесичка( плочката треба да е со отвор колку што е и пречникот на стомата)

Откако ќе се отстрани наполнетата ќесичка со WC хартија или влажни шамивчиња се отсрануваат останатите делови од изметот.i Со помош на  меко сунѓерче и млака вода со бебешки сапун или шампон,внимателно со кружни покрети се мие колостомата .Пред ставање на нова ќесичка најбитно е прво добро да се исуши кожата околу стомата и потоа може да ја залепиме плочката или ќесичката во зависност од тоа кој тип на систем користите .

 

ДИЕТЕТСКИ СОВЕТИ ЗА КОЛОСТОМА

За да можете да имате квалитетен живот со колостомата потребно е да прифатите и да  следите некои едноставни совети во врска со исхраната,со кои се  воспоствува добра регулација на работата на цревата и контрола на колостомата без компликации.

 

ШТО МОЖЕ ДА СЕ ЈАДЕ?


Следните упатства се совети а не забрани!

  • дневната количина на храна треба да се подели во 3 главни оброци и 2 ужини

  • оброците пожелно е да се во одредено исто време

  • храната добро да се сожвака бидејќи варењето на дел од храната започнува веќе во устата

  • да се јаде полека и со затворена уста за да се спречи голтање на воздух

  •  да не се пијат газирани и преладни течности

  • при земање на одредени терапии посебно антибиотици кои ја нарушуваат бактериската флора во цревата потребно е да земате млечни производи.

Која храна може да предизвика надуваност:

- ферментирани или свежи сирења
- грав или грашок сиров или варен
- морска храна или димена риба
- газирани и ладни пијалоци
- леб или тестенини недоволно приготвени

 

 ХРАНА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ЗАБРЗА РАБОТАТА НА ЦРЕВАТА

 (ЗАЧЕСТЕНИ ПРОЛИВИ)

- интегрална полуварена тестенина
- говедска супа
- суво масно месо
- масни сирења ,павлаки
- прженици
- сувомеснати пикантни производи
- овошје ,и тоа посебно сливи ,смокви  и крушки

 

 

 

bottom of page