Улцерозен колитис
Улцерозен колитис (УК) е воспалително заболување на црева,кое се карактеризира со повторувачки воспалителни епизоди на слузницата на дебелото црево.Најчесто го зафаќа завршниот дел на дебелото црево ,ректум а може да се прошири и на останатите негови делови.
Дебело црево
Дебелото црево е завршен дел од дигестивниот систем ,започнува од слепото црево (cekum) до својот краен дел (rektum). Дебелото црево е долго оклу 1,5 метри и се состои од 5 делови: влезно дебело црево на десна страна , попречно дебело црево, симнувачко дебело црево на лева страна , сигма, ректум. Ректумот завршува со анален отвор,односно чмар.
Дебелото црево има неколку важни функции : ја згустува столицата ,го подржува и контролира исфрлањето на измет ,ја вари и впива несварената храна. Иако дебелото црево не е нужно за преживување (не е витален орган),неговата нормална работа и функција е многу важна за нормално функционирање на телото.
Називи
Латинското име за дебелото црево е colon и од таму доаѓа терминот при негово воспаление ,,colitis,,. Ulcus (ulceracia) е оштетување на кожата или слузницата на внатрешните органи пропратено со создавање на гноји изумирање на клетки(некроза)на околното ткиво,најчесто како резултат на воспаление или недостаток на крв(исхемија).Така да улцерозниот колитис е воспаление на дебелото црево кое се манифестира со појава на голем број на улцерации на неговата слузница .
Англиски назив: ulcerative colitis
Латински: colitis ulcerosa
Различни термини се употребуваат при опишување на степенот на зафатеност на дебелото црево.
Ulcerozen proktitis - болеста го зафаќа ректумот.
Distalni kolitis или proktosigmoiditis болеста е проширена до средина на сигма.
Левостран УК болеста е проширена на делот од дебелото црево кое е најблиску до слезената.
Pankolitis воспалителниот процес се шири позади слезенската кривина,дури и ако пациентите немаат воспалителен процес во слепото црево (cekum).
Причини
И покрај напредокот во истражувањето на воспалителните болести на цревата, научниците сеуште не ги знаат причините за улцерозен колитис. Истражувањата покажуваат дека се работи за сложено меѓусебно делување на низа фактори : наследни гени,имунолошки систем,микроорганизми,и надворешни фактори. Страните тела (antigeni) од околината може да се директна причина за воспаление или ја стимулираат одбраната на организмот со овој воспалителен одговор кој неконтролирано се активира. Се смета дека имунолошкиот систем кај лицата со улцерозен колитис кој е еднаш,, вклучен,, нема способност за ,, исклучување,,.
Надворешни фактори
Голем број на податоци добиени со истражувања го поврзуваат УК со надворешни фактори, кои може да инцираат слом на имунолошката регулација на цревните бактерии кај лицата кои се предиспозирани. Податокот дека кај еднојајчаните близнаци УК се јавува со низок % (6-14%) во споредба Кроновата болест која се јавува со (44-50%) е најбитен доказ дека надворешните фактори во споредба со генетските фактори имаат поголема важност за развој на УК . Од сите надворешни фактори,најмистериозно е протективното влијание на пушењето на цигари (за разлика од нивното негативно влијание кај Кроновата болест). Постојат случаии кај кои доаѓа до влошувања дури и при прво јавување на болеста при терапија со нестероидни анти-воспалителни лекови.
Психолошкиот стрес се наведува како потенцијална иницијална каписла на симптомите кај половина од пациентите со УК. Траењето на стресот е исто така битно ,бидејќи докажано е дека долготрајниот стрес носи поголем ризик за егзерцебација (повторно јавување на симптоми) на болеста.
Многу детски инфекции ,одуството на доење кај бебињата се поврзани со зголемен ризик за развој и појава од УК, исто така раното отстранување на слепото црево има најголемо заштитно влијание. Имунолошки истражувања укажуваат дека во однос на УК побитна е состојбата на имунолошкиот статус во раната возраст пред операцијата на слепото црево отколку самото отстранување на слепото црево.
Микро-фактори
Во дебелото црево нормално се наоѓа голем број на бактерии.Во одредени околности тие микроорганизми може да станат штетни. Слузницата на дебелото црево кај пациентите со УК има одредени абнормалности кои не овозможуваат соодветна одбрана од цревните бактерии.
Долго време се сметало дека УК е автоимуна болест,што значи дека се јавува како последица на напад на имунолошкиот систем на сопственото ткиво. Но сега тоа верување се ревидира бидејќи се зголемуваат доказите според кои цревните бактерии се автоантигени (,,сопствена,, мета на имунолошкиот систем) а дека УК е предизвикан од губењето на толеранцијата во однос на нештетните
микрожители во цревата.
Генетски фактори
УК во некои фамилии се јавува со поголема зачестеност и на пр.почесто се јавува кај Евреите во споредба со другите нации ,но сепак можеме да кажеме дека генетските фактори се многу поважни кај Кроновата болест во споредба со УК.
Иако УK и Кроновата болест имаат некои заеднички гени кои одредуваат предодреденост кон појава на болест,сосема е јасно дека само одредени гени ја одредуваат тежината на болеста,нејзиниот степен,одговорот на терапијата со стероиди и компликациите надвор од цревата.
Имунолошки фактори
Кај УК расте бројот на бројот на имунолошките Б клетки и плазма клетки во слузницата на дебелото црево .Главната абнормалност која ја го потикнува воспалението сепак е претеран одговор на Т клетките кој предизвикува претерана реакција над цревните бактерии кои нормално се создаваат во дебелото црево.
Последица на ваквото однесување на на Т клетките е одговорот на Б клетките и зголемено производство на IgG противтела. Имунолошките истражувања го потврдуваат преголемото активирање на одбрамбениот систем на организмот и на овие резултати се базираат новите терапевтски обиди.
Дали е улцерозниот колитис наследен?
УК почесто се јавува во некои фамилии.1/5 од заболените има некоја блиска роднина/и кои исто така боледуваат од УК ИЛИ кронова болест.Но досегашните истражувања сеуште немаат докажано јасна причина за наследување односно сеуште се бараат специфичните гени кои се поврзани со појавата на УК.Моментално нема начини за точно предвидување кај кои членови од семејството ќе дојде до појава на УК.
Preuzeto sa www.hucuk.hr