top of page

ДОБРОДОЈДОВТЕ на вeб страната на Националното инвалидско здружение на лица со стома

ИЛКО Македонија
Се надеваме дека  на оваа веб страна ќе најдете корисни информации околу она што ве интересира,  можеби по нејзино пребарување ќе станете побогати со одредени информации кои сте ги барале или пак  ќе дознаете дека меѓу вас живееат и други лица со тој вид на инвалидност.

 

 

 

Кои сме ние?

 

Ние пациентите со трајна коло, илео или уростома сме лица со одредена инвалидност. Оваа наша состојба - здобивање со трајна коло, илео или уростома е скриена под нашата облеката, но заради оваа нова состојба, ние мора постојано да носиме ќесичка која е соодветно залепена на нашиот стомак околу оперативно созадената стома и редовно да ја менуваме.

 

Што е тоа стома?

 

Стома е отвор кој со хирушка интервенција се изведува на предната страна на стомакот и  заменува дел од дигестивниот или уринарниот систем кај пациенти кои не можат нормално да имаат столица или да уринираат.Стомата треба да помогне во подобрување на здравствената состојба, да овозможи излекување од некои болести и да го подобри квалитетот на животот на пациентот.  

 

 

 

 

Како живееме?

 

Со операцијата нам ни се подарува живот, затоа секогаш сакаме да сме позитивни и весели личности и се радувме на секој поминат ден. Благодарение на постоењето и достапноста на современите ортопедскимедицински помагалаза нега и третман ние живееме високо квалитетен живот.  

bottom of page